Поранешен шампион и украински репрезентативец загина во војната

Поранешниот украински фудбалски репрезентативец и некогашен играч од средниот ред на Динамо Киев, Роман Максимјук (52), загинал на украинското боиште.

Информацијата за неговата смрт ја потврдила неговата сопруга Вера, повеќе од година и пол откако тој исчезнал на фронтот.

Максимјук во есента 2022 година доброволно ѝ се приклучил на украинската војска, каде што служел во рамките на 25-та одделна воздушно-десантна бригада.

Последен пат ѝ се јавил на сопругата кон крајот на јануари 2025 година, пред да замине на позиции во близина на Покровск, по што му се изгубила секаква трага. Во текот на својата богата фудбалска кариера настапуваше за Прикарпатја, Зенит, Динамо Киев, Днипро и Черноморец.

Со Зенит во 1999 година го освои Купот на Русија, додека со Динамо во сезоната 1999/2000 ја освои титулата шампион на Украина. За репрезентацијата на Украина забележал пет настапи.