Зверев од понеделник ќе биде број еден, ама финале во Шангај нема да игра! (ВИДЕО)

Алехандро Давидович Фокина се пласираше во финалето на Мастерсот во Шангај откако во полуфиналето беше подобар со 2-1 од Александер Зверев.

Од понеделник и официјално најдобриот тенисер во светот, Зверев по два часа и две минути ја загуби неизвесната битка. Првиот сет го доби со 7-:5, но вториот му припадна на Фокина со 6-4, а третиот со 6-3.

На тој начин, шпанскиот тенисер направи голем успех и како 26. на АТП-листата го совлада Германецот, кој наскоро ќе биде прв играч во светот.

По голема битка од 42 минути, Зверев успеа да го скрши отпорот на Фокина и со брејк во 11. гем го освои првиот сет. Се чинеше дека ќе го освои и вториот и ќе стигне до своето петто финале оваа година.

Сепак, Фокина го изненади Германецот, направи брејк во завршницата на вториот сет и со 6-4 израмни на 1-1.

На почетокот на решавачкиот сет, Шпанецот веднаш направи брејк и поведе со 2-0. Со предноста во гемови, успеа целосно да го надигра одличниот Германец и да стигне до голема победа. Во финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Ходар и Медведев, кој треба да започне нешто по 13 часот по наше време.