Флик не е како Мурињо: Не смееме да бараме изговори

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не сака да се жали на густиот распоред, иако неговиот тим во следните осум дена го очекуваат три големи предизвици, дуелите со Бетис, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Германскиот стратег пред гостувањето кај Бетис, кое е закажано за в сабота од 18:30 часот, порача дека екипата мора да ги прифати околностите и да се фокусира на она што може да го контролира. Со тоа, Флик јасно се дистанцираше од критиките на Жозе Мурињо во врска со времето за одмор меѓу натпреварите.

„Секоја сезона се наоѓаме во ваква ситуација. Знам дека во другите земји е поинаку, но кај нас е така како што е. Во изминатите две сезони имаше многу ситуации кога се прашувавме: ‘Што е ова?’ Се сеќавам кога моравме да се враќаме со автобус од Валенсија бидејќи летот беше откажан, а само два дена подоцна повторно игравме натпревар“, изјави Флик.

Тренерот на каталонскиот гигант нагласи дека густиот распоред не смее да биде оправдување за евентуалните послаби резултати.

„Она што им го кажувам на играчите е дека нема изговори. Тоа е ситуацијата во која се наоѓаме, а единственото нешто што можеме да го направиме е да се фокусираме на нашата игра. Имам стопроцентна доверба во мојот тим. Квалитетот што го имаме во моментов е неверојатен, а начинот на кој играат сите фудбалери е токму она што сакам да го гледам. На тој начин сакаме да играме фудбал“, порача германскиот стручњак.

Барселона сега ја очекува исклучително тежок период, во кој секој натпревар може да има големо значење. Флик, сепак, останува фокусиран на играта на својот тим и не сака распоредот да биде алиби за евентуален неуспех.