„Секој фудбалер во Србија треба да земе слика од Вучиќ и да му се заблагодари“ (ВИДЕО)

Фудбалскиот аналитичар Раде Богдановиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со своите изјави, а овојпат зборуваше за парите што се вложуваат во српскиот фудбал и за условите во кои работат тренерите и фудбалските функционери.

Гостувајќи во еден подкаст Богдановиќ се осврна на улогата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кому му ги припиша најголемите заслуги за финансиската поддршка на српскиот фудбал.

Познат по директниот начин на изразување и коментарите без многу заобиколување, Богдановиќ изнесе став дека српскиот фудбал денес располага со значителни финансиски средства, додека примањата и условите за работа на тренерите се на повисоко ниво отколку порано.

„Секој фудбалер на територијата на Република Србија, секој фудбалски тренер, секој селектор, секој фудбалски функционер треба да земе слика од Александар Вучиќ, да ја стави покрај иконата и да каже: ‘Александар, ти благодарам!’“, порача Богдановиќ.