Шокантен пораз за Гаштаров и Ц. Звезда, Лугано и Алиоски со пресврт до победа! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда доживеаја пораз на гостувањето кај Лугано на стартот на Конференциската лига, а македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров запиша асистенција за српскиот гигант.

Ајети погоди за предност на Лугано во 25. минута, а само седум минути подоцна Гаштаров му асистира на Елшник за израмнување на 1-1.

Ц. Звезда ги искористи грешките на ривалот, па преку Раде Круниќ успеа да стигне до целосен пресврт (2-1) во 67. минута.

Српскиот тим успешно го бранеше водството до самата завршница, кога потклекна и си дозволи да прими два погодоци од Лугано, и тоа преку Монкада и Гргиќ од пенал.

Претходно во игра за Лугано влезе и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Панатинаикос славеше со 2-1 против Борац Бања Лука, а македонскиот фудбалер Елмин Растодер влезе во игра во завршницата од натпреварот. 

Останати резултати:

ЦСКА Софија – Монако 1-2
Егнатиа – Мидтјиланд 1-1
Гент – Архус 1-0
Хајдук – Ајакс 2-1
КуПС – Трабзонспор 2-4
Рига – Каират Алмати 1-1
Мјалби – Интер Ескалдес 2-0

Фото: Facebook/FK Crvena zvezda