Барселона го „сомле“ Динамо Букурешт, ГОГ го „нокаутира“ Кристијанштад
Барселона немаше милост за Динамо Букурешт, па во првото полувреме му даде дури 20 голови, додека во вториот дел го намали темпото, но продолжи да ја зголемува предноста во однос на ривалот која достигна +14 (36-22).
Н’Гесан постигна шест голови за Барселона, додека Мем и Баруфет постигнаа по пет погодоци.
ГОГ одигра ефикасен дуел против Кристијанштад, на кој беа постигнати дури 69 голови, а на крајот славеше домашниот тим со 39-30.
Фото: Facebook/FC Barcelona Handbol