Гаштаров стартер за Црвена Звезда против Лугано во Конференциската лига!

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров ќе биде во стартниот состав на Црвена звезда за гостувањето кај Лугано во Конференциската лига на УЕФА.

Гаштаров повторно ќе заигра од првата минута за српскиот гигант, откако во изминатиот период воодушеви во „црвено-белиот“ дрес.

Младиот фудбалер оваа сезона настапи во осум меча во српската Суперлига за Ц. Звезда, а притоа запиша една асистенција.

На спротивната страна ќе биде друг македонски репрезентативец, Езгјан Алиоски кој ќе чека шанса од клупата за резерви.