Охрид најголем фаворит за нов триумф во ЕХФ купот - во врвот е и Алкалоид (ФОТО)

По освоената титула во минатата сезона, Охрид повторно е најголем фаворит за освојување во ЕХФ Купот, а во самиот врв е уште еден македонски претставник Алкалоид, кој го освои пехарот во елитното натпреварување во сезоната 2024/25.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави рангирањето во ЕХФ Купот, а на списокот на првата позиција се наоѓа Охрид, по што следат БСВ Берн и Потаиса Турда, додека четврт на листата е Алкалоид.

Охрид минатата сезона испиша историја со освојување на европскиот трофеј, откако во финалето беше подобар од унгарска Татабања, додека една сезона претходно Алкалоид беше подобар од грчки АЕК.

Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid