Хаос во Сплит пред мечот меѓу Хајдук и Ајакс, полицијата приведе 16 лица! (ВИДЕО)
Според информациите од Хрватска, шест лица биле приведени под сомнение дека физички нападнале двајца Холанѓани, кои се здобиле со полесни повреди.
Уште 10 други хрватски државјани се приведени во друга полициска акција поради поседување на недозволени предмети.
Хрватската полиција имаше полни раце работа и во вторникот, кога приведе 19 холандски државјани кај кои беа пронајдени ножеви, камења и други предмети.