ПСЖ го прегази Целје, Партизан и Раул немоќни против Веспрем
Парижаните во воведните минути од мечот се обидуваа да го скршат отпорот на Целје (10-10), а тоа конечно им успеа на средината од полувремето по што доминираа во нападот и го добија првото полувреме со 22-14.
Вториот дел беше само рутина за француската екипа, која дополнително ја зголемуваше предноста во однос на противникот и на крајот славеше со 41-30.
Партизан тргна лошо против Веспрем, но успеа да се врати и израмни (8-8). Сепак тоа беше последниот добар момент кај гостите, кои потоа не успеаја да фатат ритам и да му парираат на ривалот.
Веспрем доминираше на теренот и на крајот оствари победа од 10 голови разлика (38-28). Најефикасен во победничкиот тим беше Драган Пехмалбек со осум голови, додека Вагнер запиша девет погодоци за Партизан.
Останати резултати:
Алборг – Загреб 34-33
Магдебург – Кјелце 30-27
Колштад – Криенс 28-36
Фото: Facebook/PSG Handball