ФИФА ги менува правилата по скандалот во кој беше вмешан Трамп
Според новиот предлог, ФИФА повеќе нема да има овластување да одложи автоматска суспензија од еден меч за фудбалери со директен црвен картон.
Предлогот беше доставен до членовите на Собранието на ФИФА во вторникот, а истиот треба да биде изгласан во четврток во Цирих.
Оваа идеја се појави три месеци откако Балогун избегна автоматска суспензија по исклучувањето против БиХ. Аферата ексалира кога американскиот претседател Доналд Трамп си ги препиша заслугите за тоа на себе и откри дека зборувал со Инфантино да интервенира за случајот.