Тресолди стана најмлад Германец кој постигнал хет-трик во ЛШ (ВИДЕО)

Николо Тресолди одигра натпревар за паметење во дресот на Клуб Бриж, постигнувајќи хет-трик во големата победа од 4-3 на гостувањето кај Интер во второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Младиот германски напаѓач, кој исто така има и италијанско државјанство, не само што беше еден од најзаслужните за сензационалниот триумф, туку и испиша историја во ЛШ.

На само 22 години и 54 дена, Тресолди стана најмладиот Германец кој постигнал хет-трик во најелитното европско клупско натпреварување.

Тресолди со ова го урна претходниот рекорд на Карим Адејеми, кој фудбалерот го постави на 22 години и 257 дена.

Фото: Facebook/Club Brugge K.V.