Битолчани удрија по Червар: Кажете му на стариот дека е за пензија, ЕХФ му ја укина тактиката!

Поранешниот македонски шампион Пелистер доживеа тежок пораз на гостувањето кај Гумерсбах (28-38) во Европската лига на ЕХФ, а тоа ги налути навивачите на битолскиот тим.

Навивачите не се среќни со играта на Пелистер во елитното натпреварување на ЕХФ, па удрија по тренерот Лино Червар и ракометарите на клубот.

„Кажете му на стариот дека правилото ‘7 на 6’ е веќе укинато, може ќе престане да го користи“, вели еден навивач.

„Прво избркајте го Лино Червар, нека се помачат малку екипите да ни дадат гол, доста е таа игра негова без голман и машка игра во одбрана“, се вели во друга објава.

„Со овие ракометари трето место во првенството ќе иде успех. Лино Червар игра застарена игра“, вели друг навивач.

„Ова 7 на 6 веќе стана гадно за гледање, натпреварот се загуби единствено заради тоа! Приморани технички грешки и чекање до пасивен“, се вели во друг коментар.

Пелистер по три одиграни натпревари има само еден освоен бод во Европската лига на ЕХФ.

Останатите коментари може да го прочитате под објавата на Пелистер на Фејсбук (ТУКА).

Фото: Facebook/РК Пелистер