Хетафе се засили со легенда на Реал Мадрид - преговара со уште еден славен ветеран!

Легендата на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, денеска и официјално потпиша договор со екипата на Хетафе, пренесува познатиот новинар Фабрицио Романо.

Клубот од мадридското предградие уште пред неколку дена ги договори личните услови со искусниот фудбалер кој пристигнува како слободен агент, но официјализирањето на соработката беше привремено пролонгирано поради административни пречки. Трансферот првично беше блокиран од страна на Ла Лига, бидејќи шпанскиот клуб го надминуваше дозволениот лимит за плати. Сепак, комплицираната ситуација беше успешно разрешена откако претседателот на Хетафе, Анхел Торес, достави банкарска гаранција пред раководството на шпанското првенство, со што го обезбеди неопходниот финансиски ресурс за регистрација на играчот. Официјалната промоција е планирана за по завршувањето на натпреварот против Универзитатеа Крајова в четврток.

Хетафе активно работи на ангажман на уште едно познато и искусно име. Како што додава мадридскиот весник „Марка“, клубот се обидува да се засили со уште еден ветеран и во моментов води преговори со Даниел Парехо. Триесет и седумгодишниот играч за врска исто така е слободен агент, откако неговиот договор со екипата на Вилјареал истече на крајот од минатата сезона.