Делчо Јакимовски отстранет од листата контролори на судии во ФФМ?!
Јакимовски, кој е наш поранешен интернационален судија со знакот на ФИФА, по пензионирањето имаше активна улога во контролата на перформансите на македонските делители на правда. Но, како што дознаваме, поради незадоволство од неговата работа, тој нема веќе да ја оценува работата на македонските судии. Исто така, му се замерува и тоа што во последно време работел контра интересите на раководството на ФФМ.
Инаку, Делчо Јакимовски е татко на Дејан Јакимовски, кој од неодамна е назначен за претседател на Судиската комисија на ФФМ.