„Меси не е поголем од Барселона, не треба да заборави кој му помогна да стане најдобар во светот“
Причината за потегот на Гаспер е сè уште нереализираното збогување на Меси со навивачите на Барселона. Тој посочи дека Меси не смее да заборави кој му помогнал да стане еден од најдобрите фудбалери во историјата.
„Лео е најдобриот фудбалер на светот, но има една работа што не смее да ја заборави: Барселона е поголема од него. Мора да биде многу внимателен“, кажа Гаспар.
Поранешниот претседател е особено незадоволен што сè уште не е организирано официјално збогување на Меси со навивачите.
„Му давам уште малку време, но ќе дојде денот кога ќе почне да ми пречи тоа што тој не прифаќа да дојде во Барселона за да се збогува со навивачите“, изјави Гаспар.
Гаспар смета дека Меси не сака да се врати на „Камп Ноу“ додека Жоан Лапорта е претседател, зашто не се во најдобри односи поради заминувањето на Аргентинецот во 2021 година.
„Без оглед на тоа кој ќе биде претседател, Меси треба да дојде и да се поздрави со клубот. Ако условот е Лапорта да не биде таму, тогаш такво збогување воопшто не треба да има. Кој мисли дека е тој за да поставува такви услови?“, додаде Гаспар.