Хаос во Серија А: Спалети и Писакане се скараа, па добија црвени картони! (ВИДЕО)

Неверојатни сцени го одбележаа крајот на мечот меѓу Каљари и Јувентус (1-1), откако тренерите Лучано Спалети и Фабио Писакане влегоа во жестока расправија по последниот судиски свиреж, по што главниот судија им покажа црвени картони на двајцата.

Сè почна во момент кога топката стигна до Писакане, кој потоа луто ја шутна, а тоа предизвика реакција кај Спалети.

Тренерот на Јувентус му замери на неговиот колега за потегот, но наместо да се смири ситуацијата, меѓу нив почна пожестока вербална расправија.