Струга има шанса да се израмни со Шкендија, но прво мора да го мине Башкими!
Струга доаѓа кај Башкими во многу добра форма, со три победи на последните четири меча, додека тимот од Куманово нема најдобар почеток на сезоната.
Поранешниот шампион има шанса да се израмни со Шкендија на врвот во Првата лига, но за да се случи такво нешто ќе мора прво да го помине Башкими.
Евентуална победа против Башкими ќе значи дека Струга ќе стигне до 20 поени во лигата, колку што има и Шкендија, но стружани имаат подобра гол-разлика.
Натпреварот меѓу Башкими и Струга се игра денеска од 15 часот.
Фото: Facebook/F.C. Struga