Несторовски блесна со два гола: Славен Белупо ја уништи Риека!
Риека дојде до водство преку Дантас од пенал во седмата миунта, но тоа ги налути домаќините кои набрзо стрелаа преку Мерсинај за 1-1.
На почетокот на вториот дел Бановец погоди за целосен пресврт (2-1), а Несторовски со два погодоци, во 69. и 74. минута, ја потврди големата победа на Славен Белупо.
Несторовски по девет одиграни кола има седум постигнати голови, додека Славен Белупо се наоѓа на седмата позиција со 10 поени.
Фото: Facebook/NK Slaven Belupo