Фрајбург го надигра Шалке за четврти триумф во Бундес лигата

Фрајбург се искачи на првото место во Бундес лигата, откако вечерва го надигра Шалке со 2-1 во петтото коло од германскиот шампионат.

Домаќинот продолжи со одличната игра во првенството, па до водство против Шалке стигна по само 10 минути кога погоди Егештајн, додека гостинскиот тим ја анулира негативата дури во 30. минута, откако Караман стрелаше за 1-1.

Победата за Фрајбург ја обезбеди Гото во финишот од натпреварот, односно 85. минута кога ја затресе мрежата на Шалке за 2-1.

Фото: Facebook/SC Freiburg