Шоу во Италија: „Бомба“ на Тавареш за Лацио и „ножички“ на Орсолини за Болоња (ВИДЕО)

Денеска од 15 часот во Серија А беа одиграни два одлични натпревари, при што Лацио славеше со 3-1 против Монца, додека Болоња триумфира на гостувањето кај Лече со 2-1.

Лацио тргна на неверојатен начин, и тоа со „бомба“ на Нуно Тавареш во третата минута од натпреварот, додека Густав Исаксен зголеми на 2-0 во продолжение од средбата.

Монца ја врати надежта на самиот почеток на вториот дел кога Саба Гогличиѕе стрелаше за 1-2, но гостите немаа сила и за втор погодок, па казната стигна преку Андреа Пинамонти во 88. минута.

Болоња славеше на гостувањето кај Лече со 2-1, а натпреварот го отвори со прекрасни „ножички“ на Рикардо Орсолини.

Домаќинот израмни на 1-1 преку Амар Ахмед Фата во 64. минута, но само неколку минути подоцна Џеј Енем стрелаше за конечни 2-1 за Болоња.

Фото: Facebook/S.S. Lazio