Хенес удри по Лигата на нации: Ова е шега на годината!
Хенес смета дека најпогоден од Мундијалот и меѓународните дуели е германскиот шампион Баерн Минхен затоа што има лош почеток на сезоната.
„Ние сме најголеми жртви на ова долго Светско првенство. Нашите фудбалери се вратија доцна и мораа веднаш на одмор. Одлуката на УЕФА само четири недели по почетокот на Бундес лигата да воведе двонеделна пауза е катастрофа. Дури 18 наши играчи беа на пат и со тоа се губи ритамот. А воведување на вакво смешно натпреварување како Лигата на нации е шега на годината“, кажа Хенес.
По пет одиграни меча, Баерн е втор во лигата со 11 бодови, односно два поени помалку од лидерот Борусија Дортмунд.