Пелистер го испрати Миха Котар на позајмица во Црна Гора

Ракометарот на Пелистер Миха Котар до крајот на сезоната на позајмица ќе настапува во Будванска Ривиера.

Во редовите на македонскиот вицешампион Котар пристигна летово од Партизан и потпиша договор на две години.

Сепак, со доаѓањето на Французинот Саду Нтанзи конкуренцијата на средната бековска позиција, па двете страни се договорија дека позајмицата може да биде добро решение.

Покрај Партизан, Котар претходо беше дел од Тримо Требње и Словењ Градец.