Во првата меѓусебна пресметка во ПМФЛ екипите на Шкендија Арачиново и Шкендија Тетово ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1.

На стадионот во Чаир се одигра изедначен меч во кои и двата тима имаа свои прилики, а на крајот искористија по една.

Резултатот бееш отворен по половина час игра кога летното засилување Криезију изнуди пенал во дуелот со голманот Столевски, а сигурен реализатор за тетовци беше Ендрид Красниќи. Гостите има добра прилика и пред пеналот кога Тамба по едно нафрлување од прекин одлично шутираше и ја погоди пречката.

Домашниот состав од друга страна се закани преку Шаркоски и искусниот Симоновски. Сепак, гостинскиот состав на пауза замина со гол предност. 

До голот вреден бод Арачиновци стигнаа на 15-тина минути пред крајот кога Симоновски се снајде најдобро во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата за конечни 1-1.

Со овој бод Шкендија доаѓа до 20 на лидерската позиција, но Струга сега ќе има прилика со триумф утре против Башкими да се израмни Тиквеш е трет со 16.  Вардар на четвртата позиција е со 14 колку што има Шкендија Арачиново, шампионот својот натпревар го игра денеска од 15 часот против последнопласираниот Скопје.