„Лансирањето на Гаштаров е најдобриот потег на Риера во Звезда“

Maтеј Гаштаров е една од главните теми во Црвена звезда, а српските медиуми потегот на Риера да му даде шанса во првиот тим го оценуваат како најдобар на Шпанецот од неговото преземање на тимот.

Гаштаров не беше воопшто во плановите на неговиот претходник Дејан Станковиќ, а исто така тој немаше доверба ниту во Стефан Гудељ кој сега во тандем со нашиот репрезентативец функционира одлично.

„Стефан Гудељ и Матеј Гаштаров се најсветлите точки на Црвена звезда во периодот од доаѓањето на Алберт Риера на тренерската позиција, а лансирањето на дваесетгодишниците е најдобриот потег на Шпанецот откако е на „Маракана““, пишува „Спорт клуб.

Во продолжение од текстот се најавува и европско деби на Македонецот против Лугано на гостувањето од Конференциската лига.

„Европско деби му се насмевнува и на Гаштаров, момчето кое ги освои симпатиите на навивачите на Црвена звезда. Тој почна да упатува сè подобри топки со кои ги пробива одбраните на противниците, а кога ќе добие уште поголема самодоверба и дрскост, сè ќе биде уште подобро. Токму Риера зборуваше дека интензивно работи на тоа Македонецот да ја надмине својата срамежливост и да изгради карактер што ќе му помогне во кариерата“, се додава во текстот.

Гаштаров ќе потсетиме беше и една од ретките светли точки во нашата репрезентација во четирите порази во новото издание од Лигата на Нации.