Халанд пред дербито го коментираше новиот имиџ: Една работа е позитивна
Но, пред натпреварот се зборуваше и за други работи освен за играта на теренот, па така тема беше и новиот имиџ на Норвежанецот. Халанд неодамна одлучи да ја скрати својата коса и како што вели сега е помалку забележителен.
„Дефинитивно очекував силна реакција, но не и дека ќе предизвика толкав одек. Барем сега луѓето не ме препознаваат толку често, што за мене е позитивна работа“, изјави напаѓачот за „Скај Спорт“.
Дербито на програмата е денеска во терминот од 17:30 часот.