Големиот Џими Конорс за Ѓоковиќ: Можете да кажете што сакате, но - не е за потценување!
Ваквата изјава на Американецот доаѓа откако Ѓоковиќ изминатава недела го освои турнирот во Пекинг.
„Можете да зборувате што сакате за него, но тој не е за потценување. Сите мислат: ‘Готов е, има 38, 39 години.’ Таков човек никогаш не смеете да го отпишувате, бидејќи доаѓате до точка кога секој натпревар значи повеќе од кога било досега. Особено за него“, изјави легендарниот американски тенисер во својот подкаст „Advantage Connors“.
Конорс смета дека Ѓоковиќ и понатаму има место во самиот врв на светскиот тенис.
„Ако тој сè уште игра на овие години, патува низ целиот свет и поминува време далеку од семејството, тоа е затоа што сака да остане фокусиран. Сега Јаник Синер е надвор од игра, што малку му ги отвора вратите за настап на Мастерсот во Торино. Многу зборуваме за младите играчи, но ајде малку да зборуваме и за еден ветеран“, истакна легендарниот тенисер.
Ќе потсетиме, Новак по освоениот турнир во Пекинг, немаше сили да продолжи со добрите резултати и беше елиминиран во првото коло во Пекинг.
Фото: ATP Tour