Мајката си го брани синот: Не го почитуваат доволно, Роналдо не го заслужи ова!

Долорес Авеиро, мајката на Кристијано Роналдо, реагираше по заминувањето на нејзиниот син од кампот на репрезентацијата.

Мајката на Роналдо вели дека нејзиниот син заслужил да се збогува со националниот тим на пристоен начин.

„Тажна сум. Мојот син заслужи да се збогува на вистински начин, а не вака. Но во ред е, Бог ќе се погрижи за сè. Му кажав да се смири и ја има мојата поддршка. Не го почитуваат доволно во репрезентацијата“, кажа таа.

Заминувањето на Роналдо од репрезентацијата предизвика бура во Португалија, а наводно причина за неговиот потег е тоа што селекторот Жорге Жесус два пати не ги исполнил ветувањата кон него.