Тензии во Реал Мадрид: Двајца фудбалери се степале, Мбапе добил дозвола да си оди!
Идентитетот на инволвираните играчи и причините за инцидентот сè уште не се познати, но јасно е дека атмосферата на „Сантјаго Бернабеу“ е доведена до точка на вриење. Ова е само продолжение на низата скандали, откако претходно веќе беше обелоденета тепачката меѓу Арелиен Чуамени и Федерико Валверде, оставајќи го тренерот Жозе Мурињо пред тешка задача да го врати редот во екипата.
Во центарот на бурата се наоѓа и првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, чија иднина во Мадрид станува сè понеизвесна. Според француски „Л’Екип“, 27-годишниот напаѓач размислува за заминување од клубот во кој пристигна како слободен играч пред нешто повеќе од две години. Главната причина е незадоволството од тимските резултати, но и серијата контроверзи поврзани со неговото однесување за време на рехабилитацијата. Мбапе го повреди левото колено на 25 септември, натпревар од Лигата на нации против Турција на кој го постигна единствениот победнички погодок за Франција. Наместо да се фокусира исклучиво на закрепнувањето, тој беше виден во ноќен клуб во Париз, а потоа објави и видеа како вози велосипед во Швајцарија.
Ваквиот однос предизвика критики од навивачите на Реал и од шпанските медиуми поради недостаток на професионализам. Тренерот Мурињо веќе го укорил Французинот за неговите постапки, додека клупското раководство изразува сè поголемо незадоволство од начинот на кој Мбапе менаџира со своите јавни настапи. Иако неговиот договор е со важност до летото 2029 година, недостатокот на големи трофеи како Ла Лига и Лигата на шампионите во неговите први две сезони во Шпанија го натерале да ги разгледа своите опции. Евентуалниот трансфер би бил астрономски, бидејќи Реал Мадрид нема да разгледува понуди помали од 200 милиони евра, а како потенцијални дестинации веќе се споменуваат премиерлигашите Ливерпул и Арсенал.
И покрај неговиот индивидуален учинок од 42 гола на 44 настапи минатата сезона, како и седум погодоци на седум првенствени мечеви оваа есен, тимските резултати на Реал Мадрид се далеку од посакуваните. „Кралевите“ играат во променлива форма на стартот од новата сезона во шпанското првенство, со пет победи и два порази по седум одиграни кола, со што веќе заостанува шест бода зад водечката Барселона.