„Роналдо е најдобар фудбалер во историјата на Португалија, тажно е ова што му се случува!“

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го кажа своето мислење за драмата низ која поминува Кристијано Роналдо, кој неодамна го напушти репрезентативниот камп на Португалија.

Капитенот на Хрватска кажа дека Роналдо е најдобриот фудбалер во историјата на португалската репрезентација и треба да добие поголема почит.

„Роналдо е најдобриот фудбалер во историјата на Португалија и без разлика дали ќе се пензионира или ќе одлучи да продолжи со репрезентацијата, тој заслужува големо збогување од сцената. Тажно е да се гледа тоа што му се случува на Кристијано во националниот тим. Мислам дека ќе пронајдат решение. Не знам што се случило, но се надевам дека ќе се реши ситуацијата“, кажа Модриќ.

Роналдо со години е лидер на Португалија и е еден од најважните фудбалери во историјата на националниот тим, но во изминатиот период не е во најдобри односи со селекторот Жорге Жесус.