Скопје и Вардар нема да играат само за бодови: Приходот од билетите ќе оди за хуманитарна цел!

Фудбалерите на Скопје и Вардар ќе се соочат во деветтото коло од Првата македонска лига, а екипите нема да играат само за бодови бидејќи натпреварот на еден начин ќе има и хуманитарен карактер.

Скопје соопшти дека целиот приход од продадените билети ќе биде дониран за лекување на навивач.

Билетите за натпреварот меѓу Скопје и Вардар ќе се продаваат по 100 денари, а дуелот е закажан за 11 октомври од 15 часот во Автокоманда.

Фото: Facebook/FC Skopje