Ендрик не е среќен во Реал Мадрид и сака да се пресели во Италија!

Бразилскиот фудбалер Ендрик се очекува во јануари да го напушти Реал Мадрид, откако веќе се согласил на преселба во италијанскиот гигант Милан.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Ендрик не е задоволен од минутажата во „кралскиот клуб“, па поради тоа сака да замине на позајмица каде што ќе добива повеќе шанса.

Ендрик наводно дал „зелено светло“ за преселба во Милан, иако за неговите услуги беа заинтересирани и екипи како Рома, Астон вила и Лион.

Бразилецот во текот на првата половина од минатата сезона, исто така, имаше ограничена минутажа по шо замина на позајмица во француски Лион, каде што настапи на 21 меч и притоа постигна осум голови и осум асистенции.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.