Судија тргна да се пресмета со навивач, РФМ му изрече жестока казна! (ВИДЕО)
Вукашиновски доби суспензија на 20 месеци и ќе биде надвор од ракометот до крајот на сезоната 2027/28, откако реши да се пресмета со таткото на ракометарот на Текстилец, Лазар Стојанов.
Судијата најпрво му покажа црвен картон на Лазаров, по што неговиот татко почнал да го навредува од трибините, а на тоа реагирал арбитарот кој тргнал да се пресмета на трибините.
Дисциплинската комисија на РФМ ќе изрече казна и за ракометарот, додека екипата Шампион доби парична казна од 100.000 денари зашто не обезбедиле снимки од спорните моменти на натпреварот.