Паника во Минхен: Олисе ги запре преговорите со Баерн додека Реал чека во заседа!

Германскиот гигант Баерн Минхен се соочи со неочекуван проблем пред продолжение на сезоната затоа што преговорите за нов договор со еден до нивните најдобри фудбалери, Мајкл Олисе, беа прекинати.

Германски „Билд“ пишува дека францускиот репрезентативец ги запрел преговорите откако побарал во договорот да се вметне фиксна откупна клаузула, нешто што на Баерн Минхен не му одговара.

Баерн бара начин да му ја продолжи соработката на Олисе, кој има импресивен старт со осум голови и четири асистенции во првите седум меча за германскиот тим.

Оваа ситуација будно ја следи поранешниот шпански шампион Реал Мадрид, кој е заинтересиран за услугите на Французинот и би можел да реагира доколку Баерн не пронајде заеднички јазик со фудбалерот во следниот перидод.

Фото: Facebook/FC Bayern München