Димитријевиќ блесна во Еврокупот: Македонецот со 21 поен го уништи Сан Пабло Бургос!
Грчката екипа доминираше во првата четвртина, која ѝ припадна со 28-14, а до полувреме водството се зголеми на +23 (53-30).
Сан Пабло Бургос во третата четвртина успеа да заигра подобро и да ја намали негативата, меѓутоа Арис до крајот на средбата ја контролираше играта и славеше со 93-80.
Димитријевиќ беше најефикасен на паркетот со 21 поен, шест асистенции и два скокови.
Фото: Facebook/ARIS B.C.