Одлични вести за Барселона: Флик доби големо засилување пред мечот со Хетафе
„Марка“ пишува дека Гарсија конечно им се приклучил на соиграчите на тренинг, а веќе е подготвен и за настап за Барселона.
Гарсија е прв избор на Флик на голот, а оваа сезона настапи на шест натпревари во Ла Лига и притоа прими пет голови, но запиша и три „чисти мрежи“.
Натпреварот меѓу Барселона и Хетафе се игра в сабота во рамки на осмото коло од Ла Лига.
Фото: Facebook/FC Barcelona