Никој нема повеќе одбрани од Димитриевски во Лигата на Нации!
Димитриевски во вчерашниот дуел со Швајцарија во Луцерн можеби направи кикс и прими гол по негова вина, но има големи заслуги што Македонија не претрпе и поубедливи порази во овие средби.
Имено, Димитриевски со 21 одбрана е голманот со најмногу одбрани од Лигата на Нации по првите четири натпревари. Зад него се наоѓаат Сане Лемес од Белгија и Донарума од Италија со по 19, додека со една помалку на листата се голманите на Сан Марино (Коломбо), Летонија (Матервич) и Луксембург (Морис).
Македонија прими десет гола и не постигна ниту еден, а кога ќе се додадат и одбраните на Димтириевски се доаѓа до заклучок дека сме дозволиле дури 31 удар кон нашиот гол во четири натпревари и тоа е просек од нешто помалку од осум по натпревар.
Прилика да го поправат впечатокот, избраниците на Седлоски ќе имаат кон средината на ноември кога ќе гостуваме на Шкотска, а ќе играме дома со Словенија.
