Роналдо поставил услови - му издиктирал на Жесус што да каже од збор до збор!
Откако ја објаснува целата ситуација и што се случувало помеѓу него и Жесус, Роналдо потврдува дека точно од збор до збор му кажал на Жесус што требало да каже на прес-конференцијата по дуелот со Норвешка за работите да се смират.
Списокот содржи осум изјави кои Роналдо му ги „диктирал“ на Жезус и му порача дека очекувал да ги слушне од него, место тоа Жесус таму порача дека тој е главен што Роналдо го налути и го напушти репрезентативниот камп.
Точките на Роналдо диктириани за што Жесус да зборува биле следните:
„Сметам дека е важно, а пред сè затоа што тоа е вистината, да разјаснам неколку работи пред да почнеме да зборуваме за Данска:
• Лично јас, а не некој друг, му предложив на Кристијано план за оваа спортска сезона во репрезентацијата. Тоа беше долг и многу добар разговор.
• Знам колку тој живее за репрезентацијата и колку ја сака, како и каков углед ужива во светот, а особено колкаво значење и позитивно влијание имал во националниот тим во текот на 24 последователни години.
• Планот што му го предложив на Кристијано беше прифатен.
• Тој никогаш не ги доведуваше во прашање моите одлуки. Беше примерен, лојален и професионален.
• Натпреварот во Норвешка не беше дел од планот што го направив за него. Сепак, сметав дека физички се опоравил од првиот натпревар и го предупредив дека можеби ќе морам да го внесам во игра. Кристијано се согласи.
• Направив грешка кога играч од калибарот на Пеле или Марадона го испратив на загревање, а потоа не го внесов во игра. Доколку денес беше во прашање истото, не би го направил тоа.
• За да ја заклучам оваа тема: го сакам Кристијано во репрезентацијата. Всушност, не го сакам само малку, туку многу. За среќа, и тој верува во мене. Веруваше во мене во Ал Наср, а верува и сега.
• Што се однесува до тоа што не ги поздрави навивачите… за тоа веќе разговаравме. Некој кој одиграл повеќе од 230 натпревари за репрезентацијата нема да добива лекции од мене за љубовта кон Португалија. Тоа беше момент на фрустрација кој ништо не брише. Тој е играчот кој потпишува најмногу автограми, прави најмногу селфиња и покажува најмногу наклонетост кон навивачите. Да не измислуваме проблеми таму каде што ги нема. Кога не сме задоволни, реагираме. Тоа беше сè.Според тоа, во ниту една од овие точки не пишуваше дека селекторот треба дури и да ми се извини.
Тоа беше вторпат да го прекрши зборот што ми го даде.“