Фудбалерите до 18 години ѝ се реваншираа на Црна Гора

Македонските млади фудбалери до 18 години ѝ се реваншираа на Црна Гора и во вториот натпревар во Охрид салвеа победа со 1-0.

Црна Гора пред два дена славеше со идентичен резултат, но денеска нашата селекција успеа да се израдува на победата.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 60-тата минута кога стрелаше Васко Папалиски. Нашите фудбалери пропуштија и уште неколку прилики за поубедлив триумф.

Селекторот Колев изрази задоволство од победата.

„Задоволен сум од победата, особено ако се има предвид против кого игравме. Црна Гора е селекција која во последниот период покажа квалитет и успеа да се пласира на големо натпреварување. Ние во овој натпревар бевме и без неколкумина стандардни фудбалери од оваа генерација, кои во моментов настапуваат за повозрасните репрезентативни селекции. Тоа значи дека дадовме можност на други момци да покажат што знаат и мислам дека добро ја искористија шансата. Бевме дисциплинирани, борбени и во клучните моменти реагиравме добро. Секако, има работи на кои треба да работиме и да ги подобруваме, но ваква победа против силен противник е добар показател и дополнителен мотив за оваа генерација.“