Одличен старт за битолчани: Пелистер триумфира во дербито со ТФТ

Кошаркарите на Пелистер триумфираа против ТФТ со 78-70 во дербито кое се играше во првото коло од македонската Суперлига.

Пелистер ја доби првата четвртина со 20-16, по што ТФТ заигра подобро и до полувреме намали на еден поен негатива (37-38).

Во продолжение од мечот се водеше голема борба меѓу двете екипи, а битолчани успеаја да го скршат отпорот на ривалот во последните 10 минути.

Најефикасен во победничкиот тим беше Камерон Мекдоуел со 19 поени и седум скокови, додека Сила запиша 31 поен и девет скокови за ТФТ Скопје.

Фото: Facebook/КК Пелистер Битола