Роналдо не попушта - нема помирување со селекторот и Федерацијата
Роналдо го напушти репрезентативниот камп пред натпреварот со Данска, откако Жезус потврди дека капитенот нема да биде стартер. Одлуката уследи по период во кој Роналдо остана на клупата и во победата над Норвешка, без да добие ниту една минута.
По прес-конференцијата на Жезус, Роналдо разговарал со претседателот на федерацијата Педро Проенса, а потоа решил да го напушти кампот. Самата федерација потврди дека капитенот заминал и дека подготовките ќе продолжат со останатите репрезентативци.
„По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, решив да го напуштам кампот на репрезентацијата. Во вистински момент ќе им ја кажам вистината на сите Португалци за причините поради кои заминав“, порача Роналдо.
Неговиот потег покажува дека ситуацијата не е надмината. Напротив, додека Жезус и федерацијата се обидуваат да најдат начин за смирување на конфликтот, Роналдо засега не прифаќа такво решение. Според последните информации, селекторот се согласил на средба со Роналдо со посредство на федерацијата, но одговорот на капитенот го нема, а тој веќе се подготвува за заминување во Саудиска Арабија.