Moдриќ брутално искрен по дебаклот: Првпат по 20 години чувствувам срам!
Хрватска беше поразена со дури 7:0, што е најтежок пораз на хрватската репрезентација во историјата, а легендарниот играч за врска порача дека никогаш во своите две децении во националниот тим не се чувствувал како по овој натпревар.
„Тешко е да се најде објаснување за ваквата игра, без дуели, прекршоци, агресивност, заедништво... Тука сум 20 години, но првпат чувствувам срам по натпревар. Може да се загуби, некој е подобар, моментално тие се подобри, но да се загуби на ваков начин и вака да се прокоцка угледот што го градевме сите овие години е недозволиво. Навистина чувствувам срам“, изјави Модриќ.
Капитенот на Хрватска беше особено разочаран од начинот на кој неговиот тим изгледаше на теренот.