„Ова е тежок пораз кој боли, но не застанувам тука - веруваме во подобри резултати!“
Седлоски е разочаран со новиот пораз, но посочи дека остануваат фокусирани и ќе продолжат со работа затоа што веруваат во подобри времиња за репрезентацијата.
„Првите 30 минути не одеше како што треба со Станковски и Херера. Лука даваше претходно некоја свежина кога влегуваше, но тоа денеска не беше така на почетокот. Кај Херера исто така неколку пати нè пробиваа, па се решив да менувам. Знаевме дека Шкотска е силна на тие физички дуели, примивме брзо гол, а потоа тие ја преземаа контролата. Ние нападнавме во последните 10-15 минути со Дориев и Малески, морам да ги пофалам. Сепак, тежок пораз кој боли, не сум навикнат на ваква ситуација. Но, не треба да се заборави дека играме со силни репрезентации, Шкотска има играчи од Премие лигата, ние игравме и со неколку од нашето првенство. Но, нема да застанам тука, продолжуваме да работиме и веруваме во подобри резултати“, кажа Седлоски.
Македонија следниот натпревар го игра на 6 октомври од 20.45 часот против Швајцарија на гостински терен.