Македонија го изненади Робертсон со подарок за големиот јубилеј (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија подготви подарок за капитенот на Шкотска, Енди Робертсон кој го запиша 100. настап во дресот на неговата репрезентација.

Пред почетокот на мечот меѓу Македонија и Шкотска, капитенот на нашата репрезентација Енис Барди му подари дрес со бројот „100“ на Робертсон.