Шкотска го прекина кошмарот и избегна негативен рекорд стар 154 години (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шкотска води со 1-0 во Скопје, откако Кирон Боуви ја затресе мрежата на Македонија во шестата минута, а со тоа ја спаси својата селекција од негативен рекорд стар 154 години.

Шкотска беше под голем притисок и доколку не постигнеше гол во првите 25 минути, тогаш ќе поставеше негативен рекорд стар 154 години, откако претходниот погодок го постигнаа дури пред шест натпревари.

Боуви, сепак, не дозволи да се случи такво нешто откако со прекрасен удар го матира Столе Димитриевски.