Историски срам за Хрватска: Примија седум парчиња од Англија! (ВИДЕО)
Хрватите играа лошо од самиот старт, а тоа знаеше да го казни Англија уште во осмата минута кога Хари Кејн погоди за 1-0. По што до крајот на првиот дел во листата на стрелци се запишаа и Џуд Белингам, Ентони Гордон и Букајо Сака.
Селекторот Славен Билиќ не успеа да ги разбуди своите избраници на полувремето, па голеадата продолжи и во вториот дел. Најпрво Кејн стрелаше за 5-0, а потоа Сака зголеми на 6-0 во 68. минута.
Дури и по шест голови во противничката мрежа, „Гордиот Албион“ не застана и продолжи да врши притисок, а набрзо Морган Роџерс ги постави конечните 7-0.
Англија е втора во групата 3 со шест бодови, додека Хрватска се наоѓа на третата позиција со три поени.
Останатите голови може да ги погледнете ТУКА.
Вечерва беа одиграни уште неколку меча во Ц-дивизија, при што Белорусија го растури Сан Марион со 4-0, Естонија го надигра Луксембург со 1-0, додека Исланд славеше со 3-0 против Бугарија.
Фото: Facebook/England football team