Билборди се појавија во Лисабон: Жесус е „негативецот“ во драмата со Роналдо (ФОТО)

Во престолнината на Португалија, Лисабон, на повеќе локации се појавија пораки со поддршка за Кристијано Роналдо и критики кон селекторот Жорже Жезус.

На билбордот селекторот е прикажан со намуртен израз на лицето, позициониран во аголот. Наспроти него, Роналдо е со крената глава, горд поглед и рака на срцето.

Покрај фотографиите на двајцата главни актери во случувањата што ја потресоа репрезентацијата, стојат и пораки за двајцата, целосно спротивставени.

„Ти благодариме, Кристијано Роналдо, за сè што направи за Португалија. Секогаш ќе бидеш наш капитен“, гласи главната порака испишана покрај фотографијата на најголемата ѕвезда на Португалија.

Да потсетиме, Роналдо поради несогласувања со Жезус го напушти кампот на националниот тим во текот на натпреварите од Лигата на нации, за што португалските, но и европските медиуми непрекинато известуваат. Последните информации велат дека претседателот на Фудбалскиот сојуз, Педро Проенса, ги повикал двајцата и предложил да разговараат.

Како и да е, Жезус веќе предизвика гнев кај голем дел од навивачите во Португалија, за што сведочи и споменатиот билборд.

„Жорже Жезус не беше на висината на задачата. Покажа недостаток на чувство во односот кон Роналдо, имаше погрешен третман кон капитенот и преголемо его“, гласи пораката упатена кон селекторот од непознатите лица кои стојат зад оваа акција.ж