Голем гест на Пеп: Ќе се врати на „Етихад“ кога е најпотребно!
„Граѓаните“ минуваат низ еден од најтешките периоди во својата модерна историја, откако е прогласен за виновен по 114 од вкупно 115 случаи на прекршување на правилата за финансиски фер-плеј. Иако клубот поднесе жалба, се чини дека историска казна е неизбежна.
Пеп Гвардиола во овие моменти одлучил да му даде поддршка на својот поранешен клуб, во кој помина цела деценија, па ќе биде на трибините на „Етихад“ на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Сити моментално е лидер во Премиер лигата со 15 бодови, а по репрезентативната пауза следуваат два големи дерби натпревари. На 11 октомври гостува на „Енфилд“, а три дена подоцна на гости ќе му дојде ПСЖ.
Идеален момент Пеп да се појави и да им даде поддршка на навивачите, кои сигурно не се среќни последните случувања на „Етихад“.