Есен од соништата за „џокерот“ на Мурињо - може да дебитира и за Шпанија!
Сериозноста на повредата на Торес не е позната, но од претпазливост веднаш го напуштил репрезентативниот камп за во Париз да му бидат направени лекарски прегледи. Во меѓувреме, Карлос Еспи веднаш беше прекомандуван од младата репрезентација во сениорскиот со што ќе добие шанса да дебитира за националниот тим.
Еспи летово беше неочекувано засилување за Реал Мадрид, кој ја плати неговата откупна клаузула од 25 милиони евра. Младиот напаѓач ја прифати улогата на резервен напаѓач, но максимално ја искористи дадената шанса.
Влегувајќи од клупата, директно му донесе четири бода на Реал Мадрид, откако на гостувањата кај Еспањол и Елче постигна голови во судиското продолжение за победа на својот тим.
Своето деби во селекцијата на светскиот шампион, Еспи ќе го чека против Чешка утре во дуелот кој се игра од 20:45 часот.