Пелистер засилен со среден бек од Франција кој освојуваше титули со моќниот ПСЖ!

Македонскиот ракометен вицепрвак Пелистер продолжува со активната работа на трансфер-пазарот и засилувањето на играчкиот кадар за тековната натпреварувачка сезон, откако се засили со францускиот интернационалец, Саду Нтанзи.

Станува збор за 26-годишен ракометар, кој настапува на позицијата среден бек, а кој во Македонија пристигнува директно од редовите на германскиот бундеслигаш Мелсунген. Новиот организатор на играта на пелистерци зад себе има импресивно ракометно педигре, бидејќи е производ на реномираната младинска школа на францускиот гигант ПСЖ. Нтанзи мина четири сезони меѓу „светците“ и успеа да се закити со дури четири шампионски титули во француското првенство, надополнети со по еден трофеј во националниот Куп и Суперкуп. Неговиот огромен потенцијал во минатото му овозможи да ги мине и сите младински селекции во репрезентацијата на Франција.

По заминувањето од Париз, францускиот бек својата кариера ја градеше низ неколку различни шампионати, настапувајќи за Феникс Тулуз, унгарска Татабања и катарскиот состав Ал Араби, пред да се пресели во Мелсунген. Токму со германскиот клуб тој неодамна обезбеди пласман во елитната Лига на шампионите за оваа сезона, откако претходно минатата година триумфираа и го освоија пехарот во Лигата на Европа.